Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Универзитетски студентски натпревар во алгоритамско програмирање - Квалификациски натпревар за ACM

Универзитетски студентски натпревар во алгоритамско програмирање - Квалификациски натпревар за ACM

Објавено 22.08.2015

icpclogo.png

На 5 септември 2015 (сабота) во 10:00 ќе се одржи натпревар во алгоритамско програмирање на кој што ќе учествуваат тимови од УКИМ. Исто така на овој натпревар ќе бидат поканети и факултети од други универзитети да учествуваат со свои тимови.

Натпреварот ќе биде по урнекот на ACM ICPC.

Секој тим мора да се пријави најдоцна до 1 септември 2015 на следната адреса igor.trajkovski@finki.ukim.mk.

Пријавата на тимот треба да содржи имиња на тројца учесници со нивен број на индекс од Универзитетот на кој студираат и име на тимот.

Најдобро пласираните два тима од УКИМ на локалниот натпревар добиваат право да го претставуваат нашиот универзитет на регионалниот ACM натпревар кој што ќе се одржува од 15 до 18 октомври 2015 во Букурешт.

Сите членови од овие тимови потребно е да бидат студенти на УКИМ и во рамките на еден тим сите членови треба да се од ист факултет во рамките на УКИМ, во спротивно тимот не може да биде во конкуренција за место на регионалниот ACM натпревар како претставник на УКИМ. Доколку некој тим од најдобро пласираните два тимови од УКИМ има помалку од три членови или некој член од тимот не се појавил на натпреварот, тогаш претставниците на факултетот на кој припаѓа тимот заедно со членовите на тој тим може да одлучат да повикаат други натпреварувачи кои што учествувале на локалниот натпревар да ги пополнат празните места во тимот.

Сите трошоци за патување и сместување треба да ги покрие факултетот на кој припаѓа тимот кој се пласирал да учествува на регионалниот натпревар во Букурешт, во спротивен случај наредниот тим на ранг листата добива право да учествува на регионалниот ACM натпревар.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ