Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Студентска пракса во Агенцијата за енергетика на РМ

Студентска пракса во Агенцијата за енергетика на РМ

Агенцијата за енергетика на Република Македонија нуди можност за пракса на еден студент од завршните години на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје. Праксата ќе се одржува во месеците јули и август, во просториите на Агенцијата.

Студентите на оваа праксата ќе имаа можност да се запознаат со:

- Енергетската легислатива во Република Македонија
- Проектите во областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Република Македонија
- Работата на Инфоцентарот за енергетика

Апликантите треба да се студенти на некои од енергетските насоки и да имаат добро познавање на англиски јазик.

Заинтересираните студенти треба да испратат свое CV и мотивационо писмо, не подолго од една страна, до Агенцијата за енергетика на Република Македонија на адреса: еа@ea.gov.mk, најдоцна до 24.06.2011 година.