Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Заверка на зимски и запишување на летен семестар во академската 2016/2017 година

СООПШТЕНИЕ - Заверка на зимски и запишување на летен семестар во академската 2016/2017 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на зимски и запишување на летен семестар

(за студентите од прв циклус студии)

 

Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар во учебната 2016/2017 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 23.1 до 30.1.2017 година

 

Судентите запишани според ЕКТС заклучно со учебната 2011/2012 кои не преминале на новите студиски програми, електронското пријавување  ќе го вршат преку порталот:

ssluzba.feit.ukim.edu.mk.

Студентите запишани во и по учебната 2012/2013 на новите студиски програми како и студентите кои преминале на истите, електронското пријавување ќе го вршат преку информацискиот систем на:

www.iKnow.ukim.mk, со претходна најава.

Пријавувањето по електронски пат е задолжително за сите студенти и ќе биде достапно од 23.1. до 26.1.2017 година.

По овој рок електронското пријавување ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

На шалтер нема да бидат примани некомплетни документи.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверка на зимски семетар:

  1. Индекс
  2. Семестрален лист (образец А4 за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.
  4. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: anketa.feit.ukim.edu.mk и таа ќе биде достапна од 23.1.2017 година.
    • Анкетата ја пополнуваат студентите запишани во и по учебната 2012/2013 година на новите студиски програми како и студентите кои преминале на истите.
    • Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета.

Потребни документи за запишување на летен семестар

  1. Индекс
  2. Образец за запишување семестар А3 двостран со уплатница од 50,00 ден. за административна такса.
  3. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот електронски избор. Студентите кои немаат можност да ги испечатат интерните листови ќе имаат можност тоа да го направат во ФЛАОП).
  4. Студентите кои запишуваат завршен/последен семестар, покрај уплатата за тековно запишаните кредити, треба да уплатат и 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро с‑ка (задолжително да се уплати со засебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).

НАПОМЕНА: Двете уплати за административни такси (за образецот А3 и А4) можат да се извршат на една уплатница од 100,00 ден.

Студентите кои пријавувањето ќе го вршат преку iKnow системот уплатите за административна такса можат да ги извршат со СМС порака преку мобилен телефон, при што задолжително студентот сам си го внесува бројот во iKnow системот.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на семестарот

  1. Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
      • потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.
  1. Семестарот може да се завери и без потпис за предметите за што се плаќа НАДОМЕСТ од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (незаверените предмети не може да се полагаат, уплатата од 1.000,00 денари е за да можат да се заверат останатите, реализирани потписи).
      • Студентот нема право да ги полага испитите по предметите за кои не ги исполнил академските обврски (нема потпис). Овие предмети студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2017/2018).

Услови за запишување на семестар

Дополнителни документи за запишување семестар

  • Студентите треба да достават уплатница за вториот дел од финансиските обврски за студирањето на жиро-сметкатата на факултетот согласно планот направен при нивното запишување:
    • За студентите запишани во државна квота финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 205,00 ден.
    • За студентите запишани во квота со кофинансирање финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 410,00 ден.

Правила за запишување летен семестар

  1. Секој студент е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша според следните правила:
        • По правило студентот во секој се­ме­стар запишува предмети со вкупно 30 кре­ди­ти.
        • Максималниот број на за­пи­ша­ни­те кредити може да изнесува најм­но­гу 35 кредити.
        • Минималниот број на за­пи­ша­ни­те кредити може да изнесува најмалку 21 кредити.
  2. При запишувањето на семестарот сту­ден­тот првo ги запишува непо­ло­же­ни­те задолжителни и изборни предмети од прет­ходниот летен семестар, потоа за­дол­жи­тел­ни­те предмети од тековниот се­ме­стар и на крај изборните предмети од тековниот семестар.
  3. Задолжително во Службата за студентски прашања да се достави печатена верзија на листата со избрани предмети. По горе дефинираниот рок за запишување на семестар, електронскиот пристап ќе биде оневозможен и ќе треба да се достави молба до Деканатот и надомест за задоцнето пријавување/запишување од 500,00 ден.
  4. Студентите ќе може да посетуваат настава само на предметите што им се одобрени, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од деканатот на факултетот.
  5. Согласно член 323 од Статутот на УКИМ и член 14 од Правилата за студирање на ФЕИТ студентите кои запишуваат задолжителен предмет по 3-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
  6. Студентите запишани првпат од учебната 2013/2014 година преминуваат од државна во квота со кофинансиање, ако  при запишување на зимскиот/летниот семестар во учебната 2016/2017 година немаат освоено 50% од ЕКТС кредити во зимскиот/летниот семестар од учебната 2015/2016 година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
  7. Сту­ден­ти­те кои ќе сакаат да за­пи­шат поголем број кредити од 35 бараат одо­бру­ва­ње (писмено, преку архивата на Фа­кул­те­тот) од продеканот за настава.  Ус­лови за запишување на повеќе од 35 кре­ди­ти се: положени предмети и осво­е­ни сите кредити од сите претходно запишани пред­ме­ти и просечна оцена најмалку 8,5 од по­ло­же­ни­те предмети.
  8. Молба за промена на веќе избран изборен предмет, студентите можат да поднесуваат најкасно до 3.2.2017 година, односно непосредно пред почетокот на летниот семестар со надомест од 1.000,00 денари.
  9. Студентите запишани на новите студиски програми во текот на свеото студирање треба да имаат положено:
    1. Еден предмет од II семестар од групата на предмети:
      • Структури со програмирањe
      • Програмирање и алгоритми 2
    2. Два предмети од групата на предмети:
        • Практикум по MATLAB,
        • Практикум по компјутерски вештини и алатки,
        • Комуникациски и презентациски вештини и
        • Електротехнички материјали

    Студентите кои ќе имаат избрано и положено повеќе предмети од горе наведените, истите нема да им се сметаат за соодветно положени, а кредитите нема да им се сметаат во вкупниот број на освоени кредити.

 

Упис на семестар на студенти кои се во завршен - последен семестар од студии по ЕКТС

 

Студентите кои се во последен семестар на студии покрај горенаведените документи треба да достават и пријава за дипломски труд со уплатница од 50,00 ден. за административна такса која треба да биде заверена во архивата на Факултетот, доколку ги исполнуваат условите за тоа.

Дипломскиот труд задолжително се пријавува доколку студентот освоил 200 кредити по сите основи (положени испити, извршена студентска пракса, реализирани семинари/курсеви) и ги има ислушано/заверено задолжителните предмети од претходниот зимски/летен семестар.

Студентот пополнува пријава за дипломски труд во четири примерока.  Потпишаната и пополнета пријава од страна на студентот и менторот, студентот ја заверува во студентската архива и ја доставува во Службата за студентски прашања. При електронското пријавување, студентот го запишува и дипломскиот труд на начин како што запишува предмет и при тоа уплаќа средства за 8 кредита колку што носи дипломскиот труд.

Доколку запишаниот дипломскиот труд во овој семестар, не биде одбранет до уписот на следниот летен семестар во учебната 2017/2018 година истиот се презапишува, со можност на промена на ментор и тема. Дипломскиот труд се брани откако студентот освои најмалку 232 кредити, односно ги положи сите задолжителни и изборни предмети. Препорачаниот рок за одбрана на дипломскиот труд е три месеци од положувањето на последниот испит (не се смета 1 месец во текот на летото, поради годишни одмори).

НАПОМЕНА: Пополнетата пријава во 4 примерока, потпишана од менторот може да се достави во Службата за студентски прашања најдоцна до крајот на февруари (по овој рок поднесувањето пријава ќе се врши со надомест од 500,00 денари).

Кај еден ментор максималниот број на студенти кои можат да пријават дипломски труд е 10 студенти, а со посебно барање до продеканот, може да биде зголемен до 15 студенти (во период од 15.9.2016 до 14.9.2017 година).

  • Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 1.2.2017 година, немаат обврска за запишување летен семестар.

  • Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 1.2.2017 година, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити.

  • Студентите кои пријавиле дипломски труд во зимскиот семестар и истиот нема да го одбранат до 1.2.2017 година, а ги имаат положено сите испити, должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница од 1.000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот.

 

Финансиски обврски

РЕДОВНО запишаните студенти, покрај горенаведените документи, треба да достават и уплатница на жиро-сметката на Факултетот за реализирани финансиски обврски (уплатница за партиципација - државна или кофинансирање) согласно следните цени на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:

Година на запишување

Студиска програма

Начин на студирање

Цена на кредит

2004/05 до 2011/12

Сите

Државна

204,00

2012/13 до 2016/17

Сите

Државна

205,00

2004/05

Сите

Кофинансирање

408,00

2005/06 и 2006/07

ИКИ, ИНФО

Кофинансирање

510,00

КСИА, ТК, ЕРПС

Кофинансирање

408,00

ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ

Кофинансирање

310,00

2007/08

Сите освен ИНФО

Кофинансирање

612,00

ИНФО

Кофинансирање

510,00

2008/09 и 2009/10

Сите

Кофинансирање

612,00

2010/11 и 2011/12

Сите

Кофинансирање

408,00

2012/13 до 2016/17

Сите

Кофинансирање

410,00

Примери:

Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат:

30 x 205,00=6.150,00 денари.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, треба да уплати:

30 x 410,00= 12.300,00 денари,

односно 30 х 510,00= 15.300,00 денари,

односно 30 х 612,00= 18.360,00 денари,

односно 30 х 310,00= 9.300,00 денари

Скопје, 13.01.2017 година

Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ