Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар од учебната 2014/2015 година

СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар од учебната 2014/2015 година

Објавено 14.05.2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на летен семестар

 

Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је дека заверка на летниот семестар од учебната 2014/2015 го­дина од прв циклус на студии ќе се врши

од 1.06 до 5.06.2015 година

 

Заверката на летниот семестар ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 h.

Студентите кои во горенаведениот рок нема да ја реализираат заверката на се­ме­старот, истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар за учебната 2015/2016 со надомест.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверка на летниот семетар:

  1. Индекс
  2. Семестрален лист (образец A4) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со уплатница од 50,00 денари  за административна такса (студентите запишани до учебната 2011/2012, задолжително плаќањето го реализираат на жиро сметка).
  3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница за целосно реализирани обврски според одобрената молба.

Напомена: доколку формуларот и индексот не се комплетно пополнети (фонд на часови, број на кредити, предметен наставник итн.) истите нема да бидат обработувани и заверката ќе се смета за нереализирана.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на семестарот:

  1. Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
    • потврда за исполнети академски обврски за предмет прет­ставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.
  2. Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет при што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ од 1000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (износот од 1000,00 ден. се однесува и за повеќе од еден неземен потпис). За предмет за кој не е земен потписот се губи правото за полагање на истиот, а истите ќе се сметаат за неислушани. Овие предмети (доколку се задолжителни) студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2015/2016).

Скопје, 14.05.2015 година

Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ