Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар

СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар

Објавено 17.05.2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на летен семестар

 

Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је дека заверка на летниот семестар од учебната 2015/2016 го­дина од прв циклус на студии ќе се врши

од 1.6 до 7.6.2016 година

Заверката на летниот семестар ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 h.

Студентите кои во горенаведениот рок нема да ја реализираат заверката на се­ме­старот, истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар за учебната 2016/2017 со надомест.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверка на летниот семетар:

  1. Индекс
  2. Семестрален лист (образец A4) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со уплатница од 50,00 денари  за административна такса (студентите запишани до учебната 2011/2012, задолжително плаќањето го реализираат на жиро сметка). Студентите кои плаќањето на админстративниот трошок од 50,00 ден. ќе го вршат преку мобилен телефон, во iKnow системот задолжително го внесуваат кодот од СМС пораката во означениот за тоа простор (целта е студентот сам да ја валидира уплатата), а во образецот задолжително се впишува кодот на соодветното место.
  3. Студентите запишани по првпат во учебната 2015/2016, односно со број на индекс х/2015, задолжително треба да имаат и извршен систематски преглед.
  4. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница за целосно реализирани обврски според одобрената молба.

Напомена: доколку образецот и индексот не се комплетно пополнети (фонд на часови, број на кредити, предметен наставник итн.) истите нема да бидат обработувани и заверката ќе се смета за нереализирана.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на семестарот:

  1. Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
    • потврда за исполнети академски обврски за предмет прет­ставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.
  2. Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет при што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ од 1000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (износот од 1000,00 ден. се однесува и за повеќе од еден неземен потпис). За предмет за кој не е земен потписот се губи правото за полагање на истиот, а истите ќе се сметаат за неислушани. Овие предмети (доколку се задолжителни) студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година 2016/2017.

 

Скопје, 17.5.2016 година

Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ