Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Заверка на летен семестар

СООПШТЕНИЕ-Заверка на летен семестар

Објавено 06.05.2014

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на летен семестар

 

Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је дека заверка на летниот семестар од учебната 2013/2014 го­дина од прв циклус на студии ќе се врши од

20.05 до 23.05. 2014 година.

 

Заверката на летниот семестар ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 h.

Студентите кои во горенаведениот рок нема да заверат се­ме­стар истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар за учебната 2014/2015 со надомест.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверување на летниот семетар:

  1. Индекс
  2. Семестрален лист (образец A4) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса (задолжително плаќањето да се реализира на жиро сметка).
  3. Студентите запишани по првпат во учебната 2013/2014, односно со број на индекс хх/2013, задолжително треба да имаат и извршен систематски преглед.
  4. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница за целосно реализирани обврски според одобрената молба.

Напомена: Доколку формуларот и индексот не се комплетно пополнети (фонд на часови, број на кредити, предметен наставник итн.) истите нема да бидат обработувани и заверката ќе се смета за нереализирана.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на семестарот:

 

  1. Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
          • потврда за исполнети академски обврски за предмет прет­ставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.
  2. Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет при што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ од 1000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (износот од 1000,00 ден. се однесува и за повеќе од еден неземен потпис). За предмет за кој не е земен потписот се губи правото за полагање на истиот, а истите ќе се сметаат за неислушани. Овие предмети (доколку се задолжителни) студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2014/2015).

Скопје, 06.05.2014 година

Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ