Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година

СООПШТЕНИЕ - Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година

Објавено 13.11.2014

С О О П Ш Т Е Н И Е

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД за студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2014/2015 година


Студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2014/2015 година имаат обврска во периодот од 01.12. до 04.12.2014 од 7:30 до 12:00 часот година да извршат задолжителен систематски преглед.

Горенаведениот термин за систематски преглед даден од страна на ЗУ Поликлиника на УКИМ, студентите ќе мора да го почитуваат при што треба да носат индекс во кој се става печат за извршен систематски преглед. Службата за студентски прашања ќе врши контрола за извршен систематски преглед при заверката на зимскиот семестар, односно на студентот нема да му биде заверен зимскиот семестар и нема да му биде запишан летниот семестар доколку не извршил систематски преглед.

Скопје, 13.11.2014 год.

Студентска служба при ФЕИТ


З.У. Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје,

 

Им соопштува на редовните студенти од ПРВА ГОДИНА на ФЕИТ да се јават на задолжителен систематски преглед во периодот:

од 01.12.2014 до 04.12.2014 год. од 7.30 – 12.00ч.

Систематскиот преглед ќе се врши во просториите на Поликлиниката која е сместена до студенскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”-Скопје на Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.58 по следниот ikona_pdfраспоред по азбучен редikona_pdf, според списокот добиен од службата за студентски прашања на ФЕИТ:

01/12/2014 Понеделник----------------Прва група

02/12/2014 Вторник---------------------Втора група

03/12/2014 Среда------------------------Трета група

04/12/2014 Четврток--------------------Четврта група

Систематскиот преглед опфаќа:

  • Лабораторија (крвна слика и преглед на урина) напомена: студентот немора да биде гладен
  • Општ медицински преглед
  • Превентивен стоматолошки преглед

Потребни документи:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација и електронска здравствена картичка.
  • Копија од здравствена легитимација(од 2 до 5 страна)

НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 ниту на еден студент нема да му биде заверен зимскиот семестар додека З.У. Поликлиника на Универзитетот Св.” Кирил и Методиј” Скопје, не потврди во индексот дека студентот е систематски прегледан.

ВАЖНО.Се молат студентите строго да се придржуваат на распоредот за систематски преглед.


ЗУ Поликлиника на Универзитет Св.”Кирил и Методиј”-Скопје

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ