Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за заверка/упис на зимски/летен семестар за студентите запишани од 2008 до 2011

Соопштение за заверка/упис на зимски/летен семестар за студентите запишани од 2008 до 2011

Упис на летен семестар во учебната 2012/2013 за студентите од II циклус на студии – магистерски студии (запишани во 2008, 2009, 2010 и 2011 година) ќе се врши од

18. II до 22.II 2013 година

од 12:30 до 15:00 ч на шалтерите на Студентска служба.

Потребни документи (за сите студенти):

1. Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во зимски семестар, доколку има такви)

2. Пријавен лист за запишување на студенти на факултетите (дупли лист за пријавување на семестар) со уплатница од 50,00 ден. за административна такса;

Дополнително : За студенти кои заверуваат семестар (слушале предмет во зимскиот семестар 2012/2013):

3. Образец за заверување на семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса

За студенти кои презапишуваат предмет (односно заклучно со јануарско/февруар­скиот испитен рок не ги положиле предметите што ги слушаа во летниот семестар од учебната 2011/12 година):

4. Уплатница (уплатата е во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)

5. Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса (доставуваат само студентите кои презапишуваат предмет)

НАПОМЕНИ:

1. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

2. Уплатите за административните такси може да се извршат на една уплатница.

Скопје, 24.I.2013 година

Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ