Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за заверка/упис на зимски/летен семестар за студентите од прв циклус - додипломски студии

Соопштение за заверка/упис на зимски/летен семестар за студентите од прв циклус - додипломски студии

Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар во учебната 2012/2013 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот, и тоа

од 06.II до 12.II 2013 година

Судентите запишани според ЕКТС заклучно со учебната 2011/2012 online пријавувањето ќе го вршат преку порталот http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/.

Студентите запишани во учебната 2012/2013 на новите студиски програми како и студентите кои преминаа на истите, online пријавувањето ќе го вршат преку информацискиот систем на www.iknow.ukim.edu.mk со претходна најава.

Online пријавувањето е задолжително за сите студенти.

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршата со молба и надомест од 500,00 ден.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверка на зимски семетар:

1. Индекс

2. Семестрален лист (образец за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.

3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.

Потребни документи за запишување на летен семестар

1. Индекс

2. Уписен двоен лист со уплатница од 50,00 ден. за административна такса;

3. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот избор од online изборот. Студентите кои немаат можност да ги испечатат интерните листови ќе имаат можност тоа да го направат во  ФЛАОП во 322В.

4. Образец за запишување семестар двостран со уплатница од 50,00 ден. за административна такса.

5. Уплатница за вториот дел од финансиските обврски (партиципација) за студирањето на жиро-сметкатата на Факултетот.

6. Студентите кои запишуваат завршен семестар, покрај уплатата за тековно запишаните кредити, треба да уплатат и 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро с‑ка (задолжително да се уплати со засебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).

Напомена: Трите уплати за административни такси можат да се извршат на една уплатница од 150,00 ден. Студентите кои пријавувањето ќе го вршат преку iKnow системот уплатите за административна такса мошат да ги извршат и преку мобилен телефон.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

за студентите по првпат запишани во учебната 2012/2013 учебна година што заверуваат I - зимскин семестар и запишуваат II - летен семестар

Услови за заверување на семестарот

1. Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.

  • потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.

2. Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет за што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (истиот предмет не може да се полага).

  • Студентот нема право да ги полага испитите по предметите за кои не ги исполнил академските обврски (нема потпис). Овие предмети студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2013/2014).

3. Потврда/печат за реализиран лекарски преглед од Универзитетска поликлиника.

Услови за запишување на втор семестар

Студентите што завериле I семестар треба да запишат II семестар.

Дополнителни документи за запишување II семестар

  • Студентите треба да достават уплатница за вториот дел од финансиските обврски за студирањето на жиро-сметкатата на факултетот согласно планот направен при нивното запишување.
  • За студентите запишани во државна квота финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден).
  • За студентите запишани во квота со кофинансирање финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

за студентите што студираат по ЕКТС и заверуваат зимски и запишуваат летен семестар (заверуваат предмети од III, V и VII семестар и запишуваат предмети од IV, VI и VIII семестар)

Услови за заверување на ЗИМСКИ семестар по ЕКТС

1. Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.

  • потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.

2. Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет за што се плаќа НАДОМЕСТ во износ од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот.

Услови за запишување на ЕКТС летен семестар

Студентите што завериле зимски семестар според ЕКТС треба да запишат летен семестар. Правила за запишување на летен семестар

1. Секој студент е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во овој семестар според следните правила:

  • Бројот на за­пи­ша­ни­те кредити може да изнесува најм­но­гу 35 кредити.
  • По правило студентот во секој се­ме­стар запишува предмети со вкупно 30 кре­ди­ти.

2. Сту­ден­ти­те кои ќе сакаат да за­пи­шат поголем број кредити од 35 бараат одо­бру­ва­ње (писмено, преку архивата на Фа­кул­те­тот) од продеканот за настава. Ус­лови за запишување на повеќе од 35 кре­ди­ти се: положени предмети и осво­е­ни сите кредити од сите претходно запишани пред­ме­ти и просечна оцена најмалку 8,5 од по­ло­же­ни­те предмети.

3. При запишувањето на семестарот сту­ден­тот прво ги запишува непо­ло­же­ни­те задолжителни и изборни предмети од пред­ходниот летен семестар, потоа за­дол­жи­тел­ни­те предмети од тековниот се­ме­стар (IV, VI и VIII семестар од соодветната студиска програма) и на крај изборните предмети од тековниот семестар.

4. Студентите имаат право да изберат дел од студиските дисциплини (предмети) од другите четиригодишни студиски програми на Факултетот.

Можноста на избор од другите студиски програми е ограничена со тоа што предмети што се држат на една студиска програма, а покриваат содржини што се држат на друга студиска програма не можат да бидат избрани. Предусловите утврдени со студиските програми при изборот на овие студиски дисциплини (предмети) да бидат препорачани, а не задолжителни.

5. Студентите кои се во последен семестар од студии покрај горенаведените документи треба да достават и пријава за дипломски труд со уплатница од 50,00 ден. за административна такса која треба да биде заверена во архивата на Факултетот, доколку ги исполнуваат условите за тоа.

Дипломскиот труд задолжително се пријавува доколку студентот освоил 207 кредити по сите основи (положени испити, извршена студентска пракса, реализирани семинари/курсеви) и ги има ислушано/заверено задолжителните предмети од претходниот зимски/летен семестар.

Студентот пополнува пријава (во четири примерока) која може да се симне од web страната на Факултетот. Потпишаната и пополнета пријава од страна на студентот и менторот студентот ја заверува во студентската архива по што ја доставува во Службата за студентски прашања. При online пријавувањето, студентот го запишува и дипломскиот труд на начин како и запишување на предмет при што уплаќа средства за 8 кредита колку што носи дипломскиот труд. Доколку дипломскиот труд не биде одбранет до уписот на следниот летен семестар во учебната 2013/2014 година истиот се прзапишува, со можност на промена на ментор и тема. Дипломскиот труд се брани откако студентот освои најмалку 232 кредити, односо ги положи сите задолжителни и изборни предмети. Препорачаниот рок за одбрана на дипломскиот труд е три месеци од положувањето на последниот испит (не се смета 1 месец во услови на годишни одмори). Напомена: Пополнетата пријава во 4 примерока, потпишана од менторот може да се достави во Службата за студентски прашања најдоцна до крајот на март.

6. Студентите кои се во последен семестар, а се запишани во учебната година 2009/2010 треба да уплатат и 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро с-ка како би им се евидентирале кредитите за праксата.

Финансиски обврски

РЕДОВНО запишаните студенти, покрај горенаведените документи, треба да достават и уплатница на жиро-сметката на Факултетот за реализирани финансиски обврски (уплатница за партиципација - државна или кофинансирање) согласно следните цени на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:

Година на запишување

Студиска програма

Начин на студирање

Цена на кредит

2004/05 до 2011/12

Сите

Државна

204,00

2004/05

Сите

Кофинансирање

408,00

2005/06 и 2006/07

ИКИ, ИНФО

Кофинансирање

510,00

КСИА, ТК, ЕРПС

Кофинансирање

408,00

ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ

Кофинансирање

310,00

2007/08

Сите освен ИНФО

Кофинансирање

612,00

ИНФО

Кофинансирање

510,00

2008/09 и 2009/10

Сите

Кофинансирање

612,00

2010/11 и 2011/12

Сите

Кофинансирање

408,00

 

Примери:

Ако студент во државна квота запишува 29 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат: 29 x 204,00=5.916,00 ден.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 29 кредити, треба да уплати:

29 x 408,00= 11.832,00 ден.,

односно 29 х 510,00= 14.790,00 ден.,

односно 29 х 612,00= 17.748,00 ден.,

односно 29 х 310,00= 8.990,00 ден.

Студентите кои претходниот семестар пријавиле дипломски труд, ги положиле сите предвидени задолжителни и изборни предмети, а нема да го одбранат дипломскиот труд до почетокот на летниот семестар запишуваат празен семестар со уплата за административен трошок од 1.000,00 ден.

Дополнителни информации

1. Студентите изборот на предметите од летниот семестар во учебната 2012/2013 година задолжително да го вршат преку интернет страницата http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/

Задолжително во Службата за студентски прашања да се достави печатена верзија на листата со избрани предмети. По горе дефинираниот рок за запишување на семестар, online пристапот ќе биде оневозможен и ќе треба да се достави молба до Деканатот и казна за задоцнето пријавување/запишување од 500,00 ден..

2. Студентите ќе може да посетуваат настава само на предметите што им се одобрени од студентска служба, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од деканатот на факултетот.

3. Студентите се должни заверениот интерен пријавен лист со запишаните предмети да го зачуваат и да им го покажат на професорите при добивање на потпис за уредно завршени академски обврски на предметите.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

за студентите што

запишуваат АПСОЛВЕНТСКИ семестар - стара наставна програма

Услови за запишување и дополнителни документи за запишување на АПСОЛВЕНТСКИ семестар

Сите апсолвенти треба да запишат семестар, при што треба да достават дупли уписен лист и една административна такса од 50,00 ден. и уплата според подолу наведените точки.

  • Студентите апсолвенти во државна квота треба да достават уплатница од 2.230,00 ден. на жиро-сметка на факултетот.
  • 1.230,00 денари за упис на семестар и
  • 1.000,00 денари за повторувач.
  • Студентите апсолвенти во квота со кофинансирање треба да достават уплатница од 3.460,00 ден. на жиро-сметка на Факултетот.
  • 2.460,00 денари за упис на семестар и
  • 1.000,00 денари за повторувач.
  • Студентите кои имаат пријавено дипломски труд, а истиот нема да биде одбранет до почетоко на летниот семестар треба да уплатат 1.000,00 ден. за административен трошок.

Скопје, 28.01.2013 година
Студентска служба при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ