Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2016/2017 година

СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2016/2017 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за запишување зимски семестар во учебната 2016/2017 година

за студентите од прв циклус студии

 

Запишувањето на зимскиот семестар за студентите од прв циклус  студии во учебната 2016/2017 го­дина на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је ќе се врши по електронски пат, на веб адресите на информационите системи:

  • http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/, за студентите запишани заклучно со учебната 2011/2012 година и
  • www.iknow.ukim.mk, за студентите запишани од учебната 2012/2013 година, односно студентите кои студираат на новите студиски програми од 2012 година, како и студенти кои преминале на истите.

Пријавувањето по електронски пат е задолжително за сите студенти и ќе биде достапно од 5.9 до 13.9.2016 година, а доста­вува­њето на комплетните документи ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања во периодот:

од 6.9 до 13.9.2016 година

од 12:30 до 14:30 часот

По истекот на овој рок, сите студенти уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 денари.

Студентите кои уписот на семестарот ќе го извршат елек­тронски, а нема да ги достават документите во пред­видениот рок, ќе бидат избришани од електронската евиден­ција, а за да го запишат семестарот ќе треба да достават молба и казна од 500,00 денари за задоцнет упис.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за запишување зимски семестар:

  1. Индекс
  2. Образец А3 за запишување семестар со 50,00 ден. админ. такса;
  3. Статистички лист за учебната 2016/2017 год (шв-20);
  4. Интерен пријавен лист со предмети–истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/, односно www.iknow.ukim.mk.
  5. Уплата за партиципација (државна или квота со кофинансирање) на жиро сметка на Факултетот (види   „Финансиски обврски“, од Соопштението):
        • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
        • Депонент: НБРМ
        • Tрезорска сметка: 100000000063095
        • Трезорска подсметка: 160010428678814
        • Повикување на број: 723012, програма 41
        • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
  6. Уплатница во износ од 1.300,00 на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со цел на дознака: Материјални трошоци.

    Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одго­ворност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.

  7. Уплатница за СПФЕИТ во износ од 100,00 ден. на жиро с-ка: 300000001036966, депонент: Комерцијална батка (уплатата се препорачува).
  8. Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, ж.с-ка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41.
  9. Студентите кои се запишани на Факултетот од генерацијата 2009/2010 до генерацијата 2013/2014 година треба да достават потврда за реализирана едномесечна пракса, заверена од компанијата каде е изведена праксата и потпишана од координаторот на студиската програма. Потврда за реализирана пракса треба да достават и студентите кои преминале од старите на новите студиски програми.
  10. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и таа ќе биде достапна од 6.9.2016 година.
  11. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета.

НАПОМЕНА: Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар А4) со 50,00 ден. административна такса и уплатница за извршена уплата од 500,00 ден. на жиро-сметката на Факултетот со цел на дознака: задоцнета заверка на семестар.


Дополнителни информации поврзани со запишувњето зимски семестар

Правила за запишување за студенти кои студираат по ЕКТС

  1. Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар според следните правила:
        • По правило студентот во секој семестар запишува предмети до најмногу 35 кредити;
        • При запишувањето на семестарот студентот првин ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа изборни предмети од претходниот семестар (доколку не се претходно избрани, односно положени), потоа задолжителни од наредниот и на крај изборни предмети од наредниот семестар.
        • Студентите кои ќе сакаат да запишат поголем број кредити од 35 поднесуваат Барање за одобрување запишување поголем број кредити (во писмена форма, до Продеканот за настава на ФЕИТ, преку студентската архива на Факултетот). Условите за запишување на повеќе од 35 кредити се: положени предмети и освоени сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5.
  2. При запишување на предметите потребно е да се исполнат предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година дадени на веб страница на Факултетот. За студентите запишани по старите наставни програми по ЕКТС (запишани студенти од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) предусловите се препорачани.
  3. Листа на неактивирани предмети за зимскиот семестар во учебната 2016/2017 година.

 

Важни напомени за сите студенти што студираат по ЕКТС

  1. Сите студенти се должни да го достават интерниот пријавен лист испечатен од online пријавувањето. (Студентите кои немаат можност да го испечатат интерниот лист, тоа ќе можат да го направат во ФЛАОП)
  2. Студентите ќе може да ја посетуваат наставата само на предметите што им се одобрени од студентската служба, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од деканатот на Факултетот што ќе биде објавена на огласните табли на Факултетот.
  3. Согласно член 323 од Статутот на УКИМ студентите кои запишуваат задолжителен предмет по 3-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
  4. Студентите запишани првпат од учебната 2013/2014 година и генерациите по нив преминуваат од државна во квота со кофинансиање, ако  при запишување на зимскиот/летниот семестар во наредна учебна година немаат освоено 50% од ЕКТС кредити во зимскиот/летниот семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.

 

ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ

Износ на партиципација за државна или квота со кофинансирање за РЕДОВНО запишаните студенти согласно цените на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:

Година на запишување

Студиска програма

Начин на студирање

Цена на кредит

2004/05 до 2011/12

Сите

Државна

204,00

2012/13 до 2015/16

Сите

Државна

205,00

2004/05

Сите

Кофинансирање

408,00

2005/06 и 2006/07

ИКИ, ИНФО

Кофинансирање

510,00

КСИА, ТК, ЕРПС

Кофинансирање

408,00

ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ

Кофинансирање

310,00

2007/08

Сите освен ИНФО

Кофинансирање

612,00

ИНФО

Кофинансирање

510,00

2008/09 и 2009/10

Сите

Кофинансирање

612,00

2010/11 и 2011/12

Сите

Кофинансирање

408,00

2012/13 до 2015/16

Сите

Кофинансирање

410,00

Примери:

Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат:

30 x 205,00=6.150,00 денари.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, треба да уплати:

30 x 410,00= 12.300,00 денри,

односно 30 х 510,00= 15.300,00 денари,

односно 30 х 612,00= 18.360,00 денари,

односно 30 х 310,00= 9.300,00 денари


Упис на семестар на студенти кои се во завршен - последен семестар од студии по ЕКТС

  1. Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 15.9.2016 година, немаат обврска за запишување зимски семестар.
  2. Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот зимски семестар и истиот не го одбраниле до 15.9.2016 година, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити и 200,00 ден. (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност).
  3. Студентите кои пријавиле дипломски труд во летниот семестар и истиот нема да го одбранат до 15.09.2016 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот.
  4. Студентите кои немаат пријавено дипломски труд, а очекуваат да ги положат сите испити заклучно со августовската испитна сесија, должни се да го запишат зимскиот семестар (во рокот за запишување на зисмкиот семестар), како последен семестар на студии при што го пријавуваат дипломскиот труд за кој уплаќаат 8 кредити изразено во денарска противредност, уплата од 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност).

 

Скопје, 30.8.2016 година

Од Деканатот на ФЕИТ - Скопје

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ