Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за за заверка на зимски и упис на летен семестар за II циклус на студии студентите од генерација 2010 и 2011

Соопштение за за заверка на зимски и упис на летен семестар за II циклус на студии студентите од генерација 2010 и 2011

Уписот на летен семестар во учебната 2011/2012 за студентите од II циклус на студиимагистерски студии (студенти запишани во 2011 и 2010 година) ќе се врши од

15. II до 20.II 2012 година

од 12:30 до 15:00 ч на шалтерите на Студентска служба.

 

Потребни документи (за сите студенти):

1. Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во зимски семестар)

2. Пријавен дупли лист за запишување семестар со уплата од 50,00 ден. за административна такса;

Дополнително (за студентите од генерацијата 2011):

3. Уплатница за реализирана трета рата

4. Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса

5. Интерен пријавен лист (доставуваат само студентите кои имаат промена на веќе избраните предмети, со претходно одобрување од координаторот на студиската програма)

 

Дополнително (за студентите од генерацијата 2010):

За студенти кои презапишуваат предмет (односно заклучно со јануарско/февруар­скиот испитен рок не ги положиле предметите што ги слушаа во летниот семестар од учебната 2010/11 година):

3. Уплатница (уплатата е во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма

цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)

4. Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса (доставуваат само студентите кои презапишуваат предмет)

5. Интерен пријавен лист

НАПОМЕНИ:

1. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат 500,00 ден. казна на факултетската жиро с-ка.

2. Уплатите за административните такси може да се извршат на една уплатница од 150,00 денари.

3. За студентите запишани на втор циклус на студии од генерациите 2008 и 2009, кои сеуште не магистрирале ќе следи соопштение за упис на летниот семестар.

Соопштение

 

Скопје, 10.II2012 година

Студентска служба при ФЕИТ