Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за за заверка на зимски и упис на летен семестар за I циклус на студии

Соопштение за за заверка на зимски и упис на летен семестар за I циклус на студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Заверка на зимски и запишување на летен семестар

(за студентите од прв циклус на студии - додипломски студии)

 

Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је дека заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар од учебната 2011/2012 го­дина ќе се врши online преку порталот на http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/ (online пријавувањето е задолжително), а доста­вува­њето на комплетните документи ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот и тоа

 

од 25.I до 30.I 2012 година

 

По овој рок студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Потребни документи за заверување на зимски семетар:

  1. Индекс

  2. Семестрален лист (образец за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари (види прилог за административна такса).

  3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница на жиро-сметка на Факултетот за реализирана рата.

 

Потребни документи за запишување на летен семестар

  1. Индекс

  2. Уписен двоен лист со уплатница од 50,00 ден. за административна такса;

  3. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот избор од online изборот. За студентите кои немаат можност да ги испечатат интерните листови ќе имаат можност тоа да го направат во ФЛАОП - 322В).

  4. Образец за запишување семестар (УКИМ) двостран со уплатница од 50,00 ден. за административна такса.

5. Уплатница за вториот дел од финансиските обврски за студирањето на жиро-сметкатата на Факултетот.

 

Напомена: Трите уплати за административни такси можат да се извршат на една уплатница од 150,00 ден.

Соопштение со дополнителни информации

Шифри на општини

Пријава за дипломски труд

Жиро сметки на факултетот