Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за студентите запишани по ЕКТС во учебната 2012/2013 година

Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за студентите запишани по ЕКТС во учебната 2012/2013 година

Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани по првпат во учебната 2012/2013 и студенти што преминаа на новите студиски програми за јануарскaта испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 17.12 до 23.12.2012 год., следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети пријави во кои задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ) и серискиот број добиен од iKnow системот. Пријавите се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум.

НАПОМЕНА: студентите кои преминаа на новите студиски програми, предметите од прва студиска година ги пријавуват електронски со користење на iKnow системот, а доколку пријавуваат предмети од втора студиска година истите ќе треба да ги достават во сандачињата до Службата за студентски прашања според соодветната студиска година најдоцна до 20.12.2012 год. (види соопштение пријавување испити за јануарска испитна сесија).

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Упатство за студенти за Iknow