Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за студентите по стара и студентите запишани по ЕКТС до учебната 2011/2012 година

Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за студентите по стара и студентите запишани по ЕКТС до учебната 2011/2012 година

Пријавување на испити од прв циклус на студии (за студенти запишани по стара наставна програма и студенти запишани по ЕКТС од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за јануарскaта испитна сесија ќе се врши од 17.12 до 20.12.2012 год. во сандачињата пред службата за студентски прашања.

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиски програми се: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот агол од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначена студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот итн., нема да бидат земени предвид.

За пријавување на испити потребно е:

1. Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

2. Уплатница во износ од 300,00 ден. ако испитот се полага повеќе од три пати (не важи за студентите по ЕКТС, ова е за студентите по стара наставна програма).

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2012/2013 година по новите студиски програми ќе добијат дополнително соопштение за пријавување на испити со користење на iKnow информацискиот систем.