Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за прв циклус на студии

Соопштение за пријавување на испити во јануарска испитна сесија за прв циклус на студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Пријавување на испити од прв циклус на стдудии за јануарскaта испитна сесија ќе се врши од 15.12 до 22.12.2011 год. во сандачињата пред службата за студентски прашања.

 

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот ќош од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначено студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот итн., нема да бидат земени предвид.

Дообјасување за новозапишаните студенти: да се пријават и испитите кои ќе се положат преку колоквиум.

 

За пријавување на испити потребно е:

 

1. Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

2. Уплатница во износ од 300,00 ден. ако испитот се полага повеќе од три пати (не важи за студентите по ЕКТС, ова е за студентите по стара наставна програма).

 

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Соопштение

Скопје, 14.12.2011 година ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ