Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за пријавување на испити во јунска испитна сесија за прв циклус на студии

Соопштение за пријавување на испити во јунска испитна сесија за прв циклус на студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Пријавување на испити од прв циклус на стдудии за јунската испитна сесија ќе се врши од 07.05 до 10.05.2012 год. во сандачињата пред службата за студентски прашања.

 

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот ќош од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначено студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот итн., нема да бидат земени предвид.

Дообјасување за новозапишаните студенти: да се пријават и испитите кои ќе се положат преку колоквиум.

 

За пријавување на испити потребно е:

 

1. Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

2. Уплатница во износ од 300,00 ден. ако испитот се полага повеќе од три пати (не важи за студентите по ЕКТС, ова е за студентите по стара наставна програма).

 

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 27.04.2011 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА