Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за организирање дополнителна ден сесија на ден 27.1.2017 година

Соопштение за организирање дополнителна ден сесија на ден 27.1.2017 година

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање дополнителна ден сесија

 

Согласно академскиот календар за учебната 2016/2017 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи на 27.1.2017 година (петок).

Студентите можат да пријават само еден предмет кој го слушале во летниот семестар во учебната 2015/2016 и за истиот ги реализирале академските обврски (потпис и заверен семестар).

Пријавувањето на испитот за дополнителната ден сесија, студентите можат да го реализираат на 25.1.2017 година (среда) на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот со доставување: индекс, пријава за испит, уплата за административна такса од 50,00 ден (обврзно на уплатница) и уплатница од 1.200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија.

НАПОМЕНА: Студентите што ќе полагаат во дополнителната ден сесија, на 25.1.2017 година, да ги носат и потребните документи за упис и заверка на семестар и се замолуваат да го испочитуваат предвидениот рок за електронски упис, од 23-26.1.2017 година. Во електронското досие да се запишуваат само предметите за кои се исполнети предусловите, а во делот за забелешка да се запише за кој предмет се очекуваат резултати од дополнителната ден сесија.

Скопје, 23.1.2017 година

Служба за студентски прашања

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ