СООПШТЕНИЕ - Систематски преглед
С О О П Ш Т Е Н И Е
СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД за студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2013/2014 година
Студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2013/2014 година имаат обврска во периодот од 03.02. до 15.02.2014 година да извршат систематски преглед согласно Одлуката бр. 5-1862-73 донесена од страна на Ректоратот на УКИМ.
Горенаведениот термин за систематски преглед даден од страна на ЗУ Поликлиника на УКИМ, студентите ќе мора да го почитуваат при што треба да носат индекс во кој се става печат за извршен систематски преглед. Службата за студентски прашања ќе врши контрола за извршен систематски преглед при заверката на летниот семестар, односно на студентот нема да му биде заверен летниот семестар доколку не извршил систематски преглед.
Скопје, 31.01.2014 год.
Студентска служба при ФЕИТ