Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Пријавување на испити од прв циклус на студии за јунска испитна сесија

СООПШТЕНИЕ-Пријавување на испити од прв циклус на студии за јунска испитна сесија

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Пријавување на испити од прв циклус на студии (студенти запишани по стара наставна програма и студенти запишани по ЕКТС од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за јунската испитна сесија ќе се врши од 22.05 до 27.05.2013 год. во сандачињата пред службата за студентски прашања.

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот ќош од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначено студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот итн., нема да бидат земени предвид.

 

За пријавување на испити потребно е:

 

1. Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

2. Уплатница во износ од 300,00 ден. ако испитот се полага повеќе од три пати (не важи за студентите по ЕКТС, ова е за студентите по стара наставна програма).

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Студентите запишани по првпат во прва студиска година во учебната 2012/2013 година по новите студиски програми ќе добијат дополнително соопштение за пријавување на испити согласно iKnow системот.

 

Скопје, 14.05.2013 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА