Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од прв циклус на студии (нови студиски програми) за јануарскa испитна сесија

СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од прв циклус на студии (нови студиски програми) за јануарскa испитна сесија

Објавено 10.12.2013

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow


Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерацијата 2012/2013 и 2013/2014) и студенти што преминаа на истите за јануарскaта испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 12.12 до 18.12.2013 год., следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети пријави во кои задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ) и серискиот број добиен од iKnow системот. Пријавите задолжително се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум.

НАПОМЕНА: студентите кои од оваа учебна година преминаа на новите студиски програми, предметите од новите студиски програми ги пријавуват електронски со користење на iKnow системот, а доколку пријавуваат предмети од старите студиски програми (предмети кои ги слушале во летниот семестар во учебната 2012/2013) истите ќе треба да ги достават во сандачињата до Службата за студентски прашања според соодветната студиска година најдоцна до 18.12.2013 год. (види соопштение пријавување испити за јануарска испитна сесија).

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 10.12.2013 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА