Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити–НОВИ студиски програми–iKnow

СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити–НОВИ студиски програми–iKnow

Објавено 06.05.2014

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити за јунската испитна сесија од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми

 

Пријавувањето испити за јунската испитна сесија од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерацијата 2012/2013 и 2013/2014) и студенти што преминаа на истите ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот

од 14.05 до 19.05.2014 год.,

 

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

Покрај електронската пријава за испит, студентот задолжително треба да достави и хартиена пријава за испит (А5) до предметниот наставник на самиот испит/колоквиум. Хартиените пријави за испит треба да бидат уредно пополнети, при што се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ), серискиот број добиен од iKnow системот како и бројот добиен при СМС уплата на административна такса (уплатата од 50,оо ден. за административна такса може да се изврши и со уплатница).

НАПОМЕНА: Студентите што нема да ги испочитуваат временските рокови за електронското пријавување, како и за достава на хартиена пријава, истото може да го направат во Службата за студентски прашања со надомест од по 400,00 ден.

Скопје, 06.05.2014 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА