Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити за втора испитна сесија - НОВИ студиски програми – iKnow

СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити за втора испитна сесија - НОВИ студиски програми – iKnow

Објавено 09.05.2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување на испити – НОВИ студиски програми – iKnow

 

Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерациите 2012/2013 до 2015/2016) и студенти што преминаа на истите за јунската (летна/втора) испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот

од 12.5 до 16.5.2016 год.,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите електронски пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети пријави во кои задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ). Пријавите задолжително се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум. Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што задолжително студентот сам си го внесува бројот во iKnow системот.

НАПОМЕНА: Задолжително испитот се пријавува електронски во предвидениот рок, а за секој пријавен испит се доставува хартиена пријава уредно пополнета, превиткана половично.

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 9.5.2016 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ