Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување испити за првa испитна сесија - НОВИ студиски програми – iKnow

СООПШТЕНИЕ - Пријавување испити за првa испитна сесија - НОВИ студиски програми – iKnow

Објавено 10.12.2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow

 

Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерациите 2012/2013 до 2015/2016) и студенти што преминаа на истите за јануарската (зимска) прва испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот

од 11.12 до 21.12.2015 год.,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети хартиени пријави со уплата од 50,00 ден. административна такса. Во пријавите задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ), во која испитна сесија се полага испитот. Пополнетите пријави задолжително се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум. Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што задолжително студентот сам си го внесува бројот во iKnow системот. Невнесениот код во iKnow системот ќе значи некомплетно пријавен испит, во тој случај, студентот ќе мора да достави административна такса во висина од 50,00 ден. на ПП50 уплатница.

 

НАПОМЕНА: Задолжително испитот се пријавува електронски во предвидениот рок, а за секој пријавен испит се доставува хартиена пријава уредно пополнета, превиткана половично.

Студентите кои што испитот ќе го положат преку колоквиум, хартиената пријава ја доставуваат при пристап на колоквиум, доколку испитот не се положи преку колоквиум, истата хартиена пријава важи и за јануарската испитна сесија.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако:

  • електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок
  • не достават хартиена пријава при пристап на испит (колоквиум)

Студентите задоцнетото пријавување на испит го вршат во Службата за студентски прашања најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 10.12.2015 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА