Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за зимски испитен рок - за студентите запишани по стара наставна програма

СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за зимски испитен рок - за студентите запишани по стара наставна програма

Објавено 11.12.2014

СООПШТЕНИЕ

Пријавување на испити од прв циклус на студии (за студенти запишани по стара наставна програма по ЕКТС од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012)

 

Пријавување на испити од прв циклус на студии (за студенти запишани по стара наставна програма по ЕКТС од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за зимски испитен рок (јануарската испитна сесија) ќе се врши:

од 15.12 до 21.12.2014 год.,

во сандачињата пред службата за студентски прашања.

За пријавување на испити потребно е:

  • Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот ќош од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначено студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот, итн., нема да бидат земени предвид.

Уплатата за административна такса задолжително да биде реализирана со уплтаница, пријавите со уплата преку СМС порака нема да бидат валидни.

Скопје, 11.12.2014 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА