Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за зимски испитен рок-НОВИ студиски програми–iKnow

СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за зимски испитен рок-НОВИ студиски програми–iKnow

Објавено 09.12.2014

СООПШТЕНИЕ

- Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow

 

Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерациите 2012/2013 до 2014/2015) и студенти што преминаа на истите за зимски испитен рок (јануарска испитна сесија) ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот

од 15.12 до 21.12.2014 год.,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети пријави во кои задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ). Пријавите задолжително се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум. Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што задолжително студентот сам си го внесува бројот од СМС уплатата во iKnow системот.

НАПОМЕНА: Задолжително испитот се пријавува електронски во предвидениот рок, а за секој пријавен испит се доставува хартиена пријава уредно пополнета, превиткана половично.

Студентите кои преминаа на новите студиски програми, предметите ги пријавуват електронски со користење на iKnow системот, а доколку пријавуваат предмети што ги ислушале во летниот семестар во учебната 2013/2014 година, ќе треба да ги достават во сандачињата до Службата за студентски прашања според соодветната студиска година најдоцна до 21.12.2014 год.

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 9.12.2014 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА