Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување испити за есенски испитен рок - за студенти запишани по стара наставна програма

СООПШТЕНИЕ - Пријавување испити за есенски испитен рок - за студенти запишани по стара наставна програма

Објавено 23.06.2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

за студенти запишани по стара наставна програма по ЕКТС, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012


Пријавување на испити од прв циклус на студии (за студенти запишани по стара наставна програма и студенти запишани по ЕКТС од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за августовската испитна сесија (есенски испитен рок) ќе се врши

од 25.6 до 31.7.2015 год.

во сандачињата пред службата за студентски прашања.

 

За пријавување на испити потребно е:

Пријавa со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (пријавата да се стави во сандачето од соодветната студиска година).

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Пријавите да бидат уредно пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде во левиот ќош од внатрешната страна.

Пријавите на кои нема да е назначено студиска програма, број на индекс, име и презиме на студентот, целосен и точен назив на предметот, испитна сесија во која се полага испитот, итн., нема да бидат земени предвид.

Уплатата за административна такса задолжително да биде реализирана со уплтаница, пријавите со уплата преку СМС порака нема да бидат валидни.

Скопје, 23.6.2015 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ