Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за августовска испитна сесија-НОВИ студиски програми–iKnow

СООПШТЕНИЕ-Пријавување испити за августовска испитна сесија-НОВИ студиски програми–iKnow

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow

Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерацијата 2012/2013 и 2013/2014) и студенти што преминаа на истите за августовската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот

од 23.6 до 30.7.2014 год.,

 

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите треба да достават и уредно пополнети пријави во кои задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ). Пријавите задолжително се доставуваат до предметните наставници, на самиот испит. Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што задолжително студентот сам си го внесува бројот од СМС уплатата во iKnow системот.

НАПОМЕНА: Задолжително испитот се пријавува електронски во предвидениот рок, а за секој пријавен испит се доставува хартиена пријава. По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 20.6.2014 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА