Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Дополнителна ФЕВРУАРСКА апсолвентска испитна сесија за студентите по стара наставна програма во траење од 9 семестри

СООПШТЕНИЕ - Дополнителна ФЕВРУАРСКА апсолвентска испитна сесија за студентите по стара наставна програма во траење од 9 семестри

С О О П Ш Т Е Н И Е

ДОПОЛНИТЕЛНА ФЕВРУАРСКА АПСОЛВЕНТСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО СТАРА НАСТАВНА ПРОГРАМА ВО ТРАЕЊЕ ОД 9 СЕМЕСТРИ

 

Пријавување на испити за дополнителната ФЕВРУАРСКА апсолвентска испитна сесија за студентите по стара наставна програма во траење од 9 семестри ќе се врши на 17 и 18.02.2014 год. (понеделник и вторник).

Пријавувањето е на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот.

Распоредот за испитната сесија ќе биде во договор со предметниот наставник, со тоа што испитите треба да завршат до 28.02.2014 год.

 

За пријавување на испити потребно е:

  1. Пријава за испит со уплата од 50,00 ден. за административна такса.
  2. Индекс на увид (треба да е запишан зимски семестар во учебната 2013/2014 год.).
  3. Уплата во износ од 3.000,00 ден. на факултетската жиро сметка за секоја пријава за испит.
  4. Уплатница во износ од 300,00 ден. доколку испитот се полага повеќе од два пати.

По дадениот рок за пријавување испити во оваа испитна сесија студентите можат да пријават испит со надомест од 400,00 ден.

НАПОМЕНА:

Крајниот рок за дипломирање на запишаните студенти по стара студиска програма е 14.09.2014 год. Согласно одлуката донесена од ННС студентите имаат право на дополнителни сесии во секој месец. Студентот кој полага во дополнителните сесии за секој пријавен испит плаќа 3.000,00 ден. Полагањето во трите редовни сесии не се наплатува.

Пријавувањето за дополнителните апсолвентски сесии во периодот март, април и мај ќе се одвива во период од 01 до 05 во месецот под услови како погоре објавени во соопсштението за февруарската испитна сесија.

 

Скопје, 13.02.2014 год.

Студентска служба при ФЕИТ