Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Промоција на Еураксес – истражувачи во движење

Промоција на Еураксес – истражувачи во движење

euraxess.jpg

СИНИОТ АВТОБУС НА ЕУРАКСЕС ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!!!

Кога: понеделник, 26 октомври 2015

Каде: На паркингот пред Финки, и во Амфитеатарот на Финки (ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16)

Време: 10:00 – 17:00

 

Со цел да се промовира Еураксес – истражувачи во движење, синиот автобус на Еураксес во моментов  е на турнеја низ Европа и во понеделник на 26ти октомври доаѓа во Скопје!

Со посета на 34 градови во 16 европски држави, Еураксес им нуди можност на младите истражувачи да ги мобилизираат своите истражувачки кариери.

Еураксес – Истражувачи во движење е уникатна иницијатва поддржана од Европската истражувачка заедница, која им помага на европските и странските истражувачи да добијат информации и поддршка со цел да се стекнат со интернационална истражувачка кариера во Европа. Еураксес нуди комплетен опсег на услуги потребни на еден истражувач да се стекне со меѓународна истражувачка кариера, од понуди за работа, па се до совети за преселба од една држава во друга.

На Еураксес синиот автобус ќе бидат присутни професионалци од Еураксес. Еураксес тимот е спремен да одговори на сите ваши прашања поврзани со наоѓање истражувачка работа во Европа, како и услугите кои се нудат да ви помогнат при придвижување на вашата истражувачка кариера.

Дојдете со вашето готово CV (најдобро на usb). Ние ќе ви помогнеме да го прикачите вашето CV на платофрмата Еураксес Вработување каде што илјадници работодавци ќе можат да ве контактираат за нови работни позиции. Нашиот професионел фотограф, специјализиран за фотографии за CV, ќе ви направи фотографија која ќе ја прикачиме заедно со CV-то на страната на Еураксес Вратобување.

Паралелно со ова, во Амфитеатарот на Финки ќе има интерактивни сесии со истражувачи, финансиери и работодавци кои ќе нудат непроценливи совети за тоа како подобро да ја развиете вашата истражувачка кариера.

За ажурирани информации следете го настанот на Фејсбук: Синиот автобус на Еураксес доаѓа во Скопје.

Деталната програма од настанот можете да ја превземете тука.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ