Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Пријавување за учество на Третата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Пријавување за учество на Третата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Рок на аплицирање: до 30.09.2015

skeeorfeit.png

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сè уште е во тек пријавувањето за учество на Третата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, која ќе се одржи од 19 до 21 ноември 2015 год. во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Сите заинтересирани учесници потребно е да да испратат уредно и целосно пополнета пријава за учество најдоцна до 30.9.2015 год. По прифаќањето на пријавата, крајниот рок за испраќање на целиот труд е 25.10.2015 год.

Ве покануваме да учествувате со своите трудови и дискусии, како идни инженери и академски граѓани, подготвени да одговорат на предизвиците на модерното време. Ова ќе биде одлична можност за остварување соработка меѓу студентите, професорите, компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој. Годинава, за првпат учество на конференцијата ќе земат и студенти на реномирани меѓународни универзитети.

За сите дополнителни информации посетете ја нашата веб-страница

http://skeeor.feit.ukim.edu.mk или обратете се на следнава e-mail адреса: skeeor@feit.ukim.edu.mk

Ве очекуваме!