Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Потреба од студент-демонстратор за предметот Основи на електрични кола

Потреба од студент-демонстратор за предметот Основи на електрични кола

Рок за пријавување до 20.02.2018 година

 

Институтот за Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај има потреба од 1 студент-демонстратор на предметот Основи на електрични кола коj би држел лабораториски вежби и консултации со студентите.

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Да се студенти запишани најмалку во 5-ти семестар на додипломски студии.

- Да имаат просечна оценка барем 8 од положените испити од прва и втора година.

- Да имаат просечна оценка од предметите Основи на електротехника 1 и Основи на електротехника 2 барем 9.

Заинтересираните кандидати може да се пријават со испраќање на CV на e-mail: mkacar@feit.ukim.edu.mk најдоцна до вторник (20.02.2018) до 12 часот.