Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Покана за учество во истражување - Студентски пракси во област на ИТ

Покана за учество во истражување - Студентски пракси во област на ИТ

Објавено 02.04.2015

Покана за учество во истражување

Студентски пракси во област на ИТ

 

Дали си бил/а на пракса? Какви се твоите искуства? Дали нешто научи корисно или главна активност ти беше на социјалните мрежи? Кои се твоите размислувања за тоа како би требала да изгледа праксата?

 

Независно од тоа дали си бил/а на пракса  или не, би сакале да те поканиме да ги споделиш своите искуства и размислувања на оваа тема. БЕСТ, Бордот на Европски Студенти по Технологија во соработка со Марјановиќ Едукација и интернет порталот Fakulteti.mk составија прашалник кој не би требало да ти одземе повеќе од 10-15 минути.

 

Линк до прашалникот: http://goo.gl/forms/v3Lw073j6N

НАПОМЕНА: Овој прашалник треба да го одговараат само оние студенти кои студираат информатика!

 

Зошто треба да учествуваш во истражувањето?

Според Законот за високо образование, секој студент е обврзан да посетува практична настава во траење од 30 дена, по завршувањето на секоја студиска година.

Ако се земе предвид рекордно високиот процент средношколци кои по завршување на средното образование го продолжуваат своето образование на некој од факултетите во земјава, тогаш, имајќи ја предвид обврската за практична настава дефинирана во законот, се доаѓа до една релативно голема бројка на пракси кои секоја година мора да се реализираат.

Според Random House Dictionary зборот “пракса“ е дефиниран како “Секоја официјална или формална програма која на почетниците им обезбедува практично искуство во занимање или професија.”

За да се изведе пракса според оваа дефиниција, во организацијата каде што треба да се спроведе практичната настава би требало да постои одговорно лице кое ќе состави програма по која ќе се изведе наставата, ќе определи работни задачи и методологија на оценување а потоа и да определи ментор кој ќе му помага и оценува трудот на студентот. Кога студентот успешно ќе ја заврши предвидената програма, тогаш организацијата му издава потврда за реализирана пракса.

На хартија ова убаво звучи, но, дали на овој начин се спроведуваат праксите во Македонија? Со оглед на тоа што можностите за прием на практиканти во приватните фирми во Македонија се релативно мали, нужно се поставуваат повеќе прашања поврзани за реализацијата на праксите.  Дали праксите се изведуваат како што би требало или секоја од засегнатите страни, студентите и фирмите, наоѓаат начин да го заобиколат законот обезбедувајќи ја потврдата пропишана со законот?

Ова истражување, спроведено како резултат на соработката меѓу БЕСТ, Бордот на Европски Студенти по Технологија, Марјановиќ Едукација и интернет порталот Fakulteti.mk има за цел да обезбеди вистинска слика за тоа како всушност се реализираат студентските пракси и да помогне во наоѓањето решенија како тие да се подобрат.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ