Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Планинарска тура “Водно 2014 година”

Планинарска тура “Водно 2014 година”

Објавено 30.10.2014

Планинарска тура Водно 2014 година

 

На 05.11.2014 година (среда) ќе се одржи спортско-рекреативен, забавен и хуманитарен ден, 30-тa по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2014 година”.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

На целта на Средно Водно е обезбеден чај, а нашите колеги студенти од Факултетот за музичка уметност ќе организираат забава. Сите учесници на планинарската тура кои сакаат да даруваат крв тоа можат да го сторат на платото пред ИЗИИС по претходно јавување кај одговорниот професор од Центарот за физичко образование и спорт.

Студентите од прва година се ослободени од редовните обврски, а и останатите студенти можат да земат учество на планинарската тура.

Стартот на планинарската тура е со почеток во 10,00 часот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), а учесниците треба да бидат присутни пред институтот во 9,30 часот.

 

Деканат на ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ