Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Министерството за економија објавува Јавен повик за избор на најдобри бизнис идеи

Министерството за економија објавува Јавен повик за избор на најдобри бизнис идеи

Рок на аплицирање: до 15 март 2015

mklogo.png

Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 194/14), Министерството за економија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на најдобри бизнис идеи


  1. Предмет на јавниот повик е избор на 40 најдобри бизнис идеи кои ќе се здобијат со право за учество на обука во рамки на Проектот – Организирање на бизнис натпревар „ Биди перспективен започни свој бизнис“
  2. Право на учество имаат студенти и млади  претприемачи на возраст од 18 до 30 години.
  3. Бизнис идеите може да се доставуваат електронски со пополнување на Образец „Бизнис идеја 2015“ и негово доставување на следната адреса: biznisideja@economy.gov.mk .

    Образецот „Бизнис идеја 2015“ може да се преземе од www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk .

  4. Критериуми за селекција на бизнис идеи:
    • Иновативни               40%
    • Профитабилни          30%
    • Изводливи                 30%
  5. Студентите и младите претприемачи чии бизнис идеи ќе бидат избрани во потесниот круг помеѓу 40-те најдобри ќе добијат право за учество на обука составена од 13 модули со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план.

    По завршувањето на обуките ќе биде објавен Јавен повик за избор на најдобри бизнис планови.

    Право на аплицирање со бизнис план ќе имаат сите кои сакаат да учествуваат на натпреварот, без разлика дали учествувале на обуките.

    По завршување на Јавниот повик за избор на најдобри бизнис планови ќе следува селекција на најдобрите бизнис планови и нивна презентација, а за петте најдобри ќе бидат доделени парични награди и ваучери со кои ќе се обезбеди техничка и финансиска помош за основање на компанија.

  6. Апликациите со бизнис идеи ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија.
  7. Јавниот повик за аплицирање со бизнис идеи трае до 15 март, 2015 година.

 

За дополнителни информации

тел. (02) 3093 445; (02) 3093 501