Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Линукс курсеви во јануари-февруари 2013

Линукс курсеви во јануари-февруари 2013

Во последно време, Linux дистрибуциите во светот на информатиката бележат сè поинтензивна употреба како резултат на нивната стабилност, бесплатните дистрибуции и нивната блискост до крајниот корисник. Во светот постојат повеќе Linux курсеви со соодветни сертификати, но повеќето од нив работат со една специфична дистрибуција. Цената за слушањето на ваквите курсеви е поголема од неколку стотина евра.

Поради сето ова, на Факултетот за електротехника и информациски технологии организираме Linux курсеви кои по својата организираност и процесот на учење се разликуваат од сите останати меѓународни курсеви. Нашите Linux курсеви се обопштени, односно се изучуваат сите популарни и најчесто користени дистрибуции во светот (SuSE, CentOS, Ubuntu). На овој начин посетителите на курсевите ќе можат да се соочат во практичната работа со која било дистрибуција или нејзин дериват. По ислушуваањето на Linux курсот, посетителот ќе добие сертификат од ФЕИТ за успешно завршен курс.

На ФЕИТ веќе успешно се организираше еден “Основен курс за Linux”, па поради заинтересираноста на студентите од нашиот факултет како и од другите технички факултети во Р. Македонија продолжуваме со повторно оддржување на “Основен курс за Linux” и воведување на “Среден курс за Linux”. За студентите, постдипломците и докторантите запишани на ФЕИТ Деканатот одобри попуст од 20% од редовната цена.

Термините за оддржување на курсевите се следниве:

  • “Основен курс за Linux”, 32 часа, од 28.01.2013 до 05.02.2013 год.
  • “Среден курс за Linux”, 40 часа, од 06.02.2013 до 19.02.2013 год.

 

Курсевите и нивните цени се дадени во следната табела:

 

Име на курсот:

Број на часови

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти запишани на ФЕИТ

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти на било која акредитирана образовна установа во Р. Македонија

Цена по слушател за сите останати лица

Basic Linux Course

32

4960 ден.

6200 ден.

9300 ден.

Intermediate Linux Course

40

6000 ден.

7500 ден.

11200 ден.

Пријавувањето за "Основен курс за Линукс" е до 25 јануари 2013 на емаил адресата linuxfeit@feit.ukim.edu.mk.
Пријавувањето за "Среден курс за Линукс" е до 03 февруари 2013 на емаил адресата linuxfeit@feit.ukim.edu.mk.

Во прилог се дадени програмите за двата курса.

“Основен курс за Linux”

“Среден курс за Linux”

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ