Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите КОНКУРС за стипендии

КОНКУРС за стипендии

Рок на аплицирање: до 05.05.2017

logo_evn-elem-mepso.png

КОНКУРС за стипендии

 

Врз основа на потпишаните меморандуми за соработка меѓу ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО од една страна и Факултетот за електротехника и информациски технологии од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендии за студентите на ФЕИТ.

Со стипендирањето на вкупно 14 новозапишани студенти на прв циклус студии, ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе дадат свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во прва година, во учебната 2016/2017 година на една од следните студиски програми:

  • Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ),
  • Електроенергетски системи (ЕЕС)
  • Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и важи за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање која ќе биде составена од 5 (пет) члена и тоа по 1 (еден) член номиниран од редот на вработените во АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ и ЕВН Македонија, и 2 (двајца) претставници номинирани од Факултетот електротехника и информациски технологии од Скопје.

 

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • да достави потврда за редовен студент запишан во прва година;
  • да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
  • други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

 

Начин на аплицирање:

Заинтересираните студенти е потребно:

  • да пополнат down16.pngaпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО
  • да подготват мотивациско писмо

Документите се поднесуваат до Службата за студентски прашања на ФЕИТ.

На барање на студентите рокот за поднесување на документите се продолжува до 05.05.2017 дo 15:00 часот.

Декан на ФЕИТ