Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Конкурс за стипендии

Конкурс за стипендии

Врз основа на потпишаните меморандуми за соработка меѓу ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО од една страна и Факултетот за електротехника и информациски технологии од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендии за студентите на ФЕИТ.

Со стипендирањето на вкупно 14 новозапишани студенти на прв циклус студии, ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе дадат свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студенти запишани првпат, во прва година, во учебната 2011/2012 година на една од следните студиски програми: Електроенергетски системи (ЕЕС), Електроенергетика и управување(ЕЕиУ), Електроенергетски уреди (ЕЕУ) и Конверзија и искористување на електрична енергија (КИЕЕ).

Повеќе детали може да се видат во конкурсот , додека конкурирањето се прави преку пополнување на соодветна апликација

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ