Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Конкурс за изработка на модел на хидроелектрична централа

Конкурс за изработка на модел на хидроелектрична централа

Објавено 17.02.2016

feitevn.png

Во текот на месеците февруари и март ќе се спроведe натпревар меѓу студентите на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје од сите години на студирање, за изработка на план на интерактивен и функционален модел на хидроелектрична централа.


 

  • Организатори:
    ЕВН Македонија и Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје.

 

  • Формат на натпреварот:

    • Моделот треба да има едукативна функција и да е лесно разбирлив за широка публика.
    • Моделот треба да е интерактивен и треба да постои начин тој да биде ставен во функција од страна на посетителите.
    • При изборот на победник во предвид ќе бидат земени изгледот, иновативноста, функционалноста и можноста за интеракција.
    • Максималните дозволени димензии на моделот се : должина 150 cm, ширина 150 cm, висина 200 cm.
    • Победничкиот модел ќе биде изложен во едукативниот центар Матка во сопственост на ЕВН Македонија и на него ќе бидат истакнати имињата на авторите.
    • Студентите на конкурсот може да аплицираат индивидуално или во групи.
    • Учесниците при изготвувањето на проектите можат да одберат ментор од наставничкиот кадар на ФЕИТ.
    • Рокот за апликација со предлог план е 7 март до кога учесниците своите проекти треба да ги испратат на vladim@feit.ukim.edu.mk.
    • Комисијата од 7 март до 11 март ќе го избира најдобриот проект.
    • Победникот ќе добие парична награда од 30.000 денари.
    • За изработка на моделот на победникот ќе ги му бидат обезбедени потребните материјали.
    • Рок за изработка на моделот е 14 април.

 

  • Комисија:

    • Проф. д-р Владимир Димчев
    • Проф. д-р Горан Рафајловски
    • Проф. д-р Антон Чаушевски
    • Д-р Игор Гиевски, Член на Управниот одбор на ЕВН Македонија
    • Д-р Мирослав Митровски, Управител на ЕВН Електрани
    • Никола Мартиновски, координатор на проектот „Едукативен центар Матка“
СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ