Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите КОНКУРС за избор на заменик на Студентски правобранител на ФЕИТ

КОНКУРС за избор на заменик на Студентски правобранител на ФЕИТ

Рок на аплицирање: до 03.10.2014

Врз основа на чл. 8 од Правилникот за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, бр. 142 од 18.06.2009 година и 06.07.2009 година и Статутот на Студентскиот парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј ” од Скопје, Студентскиот парламент на Факултет за електротехника и информациски технологии распишува:

К О Н К У Р С

за избор на заменик на Студентски правобранител

на Факултет за електротехника и информациски технологии

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Студентскиот правобранител има заменици, по еден од секоја единица во состав на Универзитетот, кои ги избира Студентскиот правобранител на Универзитетот, за период од две години, без право на повторен избор.

Кандидатите ги доставуваат потребните документи до Студентскиот парламент на факултетот кој по истек на определениот рок за поднесување документи, сите кандидатури ги доставува до Студентскиот правобранител на натамошно разгледување.

Замениците се бираат во постапка која ја иницира Студентскиот правобранител на Универзитетот, а ја спроведува Студентскиот парламент на факултетот согласно член 8 од Правилникот.

 

I. УСЛОВИ ЗА ИЗБОР

Пријавениот кандидат треба да ги исполнува следните услови:

1.1  да е редовен студент со просечна оцена на студии од минимум 7,00

1.2  да има завршено најмалку втор семестар

1.3  да има организациски способности и способности за комуникација.

 

II. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот трае од 26.09.2014 (петок) до 03.10.2014 (петок) до 12 часот.

Кандидатите потребните документи (потврда за редовен студент, копија од индекс/уверение за положени испити и CV) кои потврдуваат исполнување на наведените критериуми да ги достават во просториите на Студентскиот парламент на факултетот.

Заменикот на Студентскиот правобранител треба да помага во спроведувањето на постапките пред Студентскиот правобранител на Универзитетот кои се однесуваат на единицата на Универзитетот, да делува по налог на Студентскиот правобранител на Универзитетот во решавањето на проблемите и споровите меѓу студентите и органите на факултетот, реализацијата на програмата за работа како и во превенција на проблемите.

За подетални информации обратете се на е-маил адресата на Студентскиот правобранител: st_pravobranitel@ukim.edu.mk или на тел.број 072 30 20 20.

 

Скопје,

26.09.2014 година

Студентски парламент на Факултет за електротехника и информациски технологии

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ