Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Конкурс за избор на идејно решение за дизајн на заштитен знак (лого) за Фонд за иновации и технолошки развој

Конкурс за избор на идејно решение за дизајн на заштитен знак (лого) за Фонд за иновации и технолошки развој

Рок на аплицирање: до 31 мај 2014

Согласно член 21 став 2 алинеја 3 од Статутот, Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, објавува

 

Конкурс за избор на идејно решение за дизајн на заштитен знак (лого) за Фонд за иновации и технолошки развој

 

Информации за институцијата

Фондот за иновации и технолoшки развој (“Фондот“) има за цел промовирање и поттикнување на иновациска дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија. Фондот ги поттикнува иновациите и нивното вклучување во главните текови во приватниот сектор (комерцијализација), за да изгради конкурентна економија основана на знаење.

Фондот ги остварува своите цели преку давање на кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, кофинансирани грантови за трансфер на технологии, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори, еквити и мезанин инвестиции, како и поддршка при формирање на приватни фондови. Фондот ќе објавува одделен јавен повик за секое доделување на средства со кој ќе ги кани иновативните трговски друштва, и проекти да аплицираат за финансирање.

На наградениот поединец ке му се додели парична награда во вредност од 15.000 денари.

Наградениот дизајн ќе биде објавен на сајтот на Министерство за Образование и Наука на Р.Македонија и сајтот на Фондот.

Подносителите на дизајнот за заштитен знак (лого), освен идејното решеније треба и текстуално да го образложат концептот за дизајнот на заштитниот знак (лого).

Подносителот мора да го наведе своето целосно име и презиме, прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица, број, место, град) телефон, е-маил.

Конкурсот трае до 31 мај 2014 година.

За изборот на најдобар дизајн на заштитен знак (лого) ќе одлучува Управниот одбор на Фондот.

Некомплетните решенија и решенија доставени по утврдениот рок за прием нема да бидат разгледувани.

 

Услови на конкурсот:

  • Идејното решение на заштитниот знак (лого) треба да биде оригинално и досега неупотребувано.;
  • Идејното решение на заштитниот знак (лого) треба да ја отсликува функцијата на Фондот и неговата улога во поттикнување на иновациска дејност, преку соодветна симболика;
  • Заштитниот знак (лого) треба да биде прикажано и испечатено на хартија со формат А4 во следните три варијанти  во боја, црно-бела и црно-бела негатив;
  • Доколку се користи текст во заштитниот знак (логото) истиот да биде на македонски и англиски јазик.
  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат.
  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во битмапирана форма во: GIF, JPG, TIF, и/или PNG фајл формат.
  • Векторските и бимапирани фајлови да бидат снимени на CD и заедно со испечатените примероци да бидат испратени на поштенска адреса Бул. ,,Илинден,, бр.2 1000 Скопје или на електронска адреса: fondzainovacii@mon.gov.mk со назнака за Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Фонд за иновации и технолошки развој најдоцна до 31.05.2014 г.
  • На конкурсот можат да учествуваат само студенти, државјани на Република Македонија.
  • Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија
  • По завршувањето на Конкурсот избраниот подносител на идејно решение ќе се извести и истиот ќе се обврзе во рок од 3 (три) дена да достави изјава заверена на нотар за гаранција за оригиналност на идејното решение.
  • Доколку избраниот подносител на идејно решение од било која причина се откаже, за избран ќе се смета следниот, односно второ рангираниот учесник.
  • Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно од поднесените идејни решенија.
  • Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Фонд за иновации и технолошки развој, без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест од 15.000,00 денари.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ