Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите КОНКУРС за доделување пет стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

КОНКУРС за доделување пет стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Врз основа на Одлуката бр. 12-276/5 од 15.2.2019 г на Фондацијата Атанас Близнакоф“ и Одлуката бр. 02-602/24 донесена на седницата на Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и инфор­мациски технологии во Скопје, на 20.3.2019 година се распишува

 

КОНКУРС

за доделување пет стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува пет стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје за учебната 2018/2019 година.

  1. Право да конкурираат имаат студентите кои го имаат завршено најмалку вториот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, со просечна оценка најмалку 7,5 заклучно со септемврискaтa испитна сесија во 2018 година, без презапишување на семестар/ предмет.

    Висината на стипендијата изнесува 5.000 денари месечно.

  2. Правото на користење на стипендијата трае доколку редовно се исполнуваат условите заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.
  3. Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со договор. Стипендијата ќе се продолжува секој семес­тар под услов, начин и постапка утврдени во договорот за доделување на стипендијата.
  4. Потребни документи:
    • Пријава (down16.pngобразец бр. 1);
    • биографија (CV);
    • уверение со бројот на предвидените и положените испити од прет­ходните семестри;
    • потврди за остварена плата на вработените членови на се­мејството за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензи­онираните членови на семејството, да се достави доку­мент за висината на пензијата-чек; за браќа/сестри на канди­датот, кои се учени­ци/студенти, се доставува потврда од училиш­тето, односно факултетот или од друга институција;
    • уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
    • изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (down16.pngобразец бр. 2);
    • изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (down16.pngобразец бр. 3);
    • изјава за согласност за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (down16.pngобразец бр. 4), (down16.pngобразец бр. 5).

    Обрасците може да се преземат од веб страницата www.feit.ukim.edu.mk.

    Потребните документи кон пријавата на Конкурсот се доставуваат во оргинал.

  5. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб страницата на Факултетот во студентската архива на ФЕИТ.

 

 

Од ФЕИТ