Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Јавен оглас за обуки за Напредни ИТ вештини

Јавен оглас за обуки за Напредни ИТ вештини

Објавено 09.06.2017

LogoAVRM1.jpg

Во Агенцијата за вработување на Република Македонија преку проектот „Поддршка за вработување на млади“ кој е финансиран преку Европскaта Унија во тек е Јавен оглас за обуки за Напредни ИТ вештини. По бројни анализи и препораки следните курсеви беа идентификувани како најсовремени и најбарани:

  • JAVA Programmer SE8 Training
  • ISTQB Tester

За спроведување на овие курсеви избран e верификуван провајдер. Со поддршка на ЕУ преку проектот „Поддршка за вработување на млади“ во АВРМ обуките и испитите се бесплатни за невработените лица до 29 години.

Курсеви траат од 3 до 6 месеци. На крај на курсот се полага испит и  се добива меѓународно признаен сертификат. Курсевите ќе се спроведуваат на територијата на РМ каде што може да биде формирана група на учесници со најмалку 6 кандидати.

Бројот на кандидати кои може да ги посетуваат овие курсеви се 220 лица (110 за Јава и 110 за ISTQB)

Право на учество имаат регистрирани невработени лица. Пријавување за невработено лица се прави со пополнување на пријава во работните клубови во Центрите за вработување низ РМ. При тоа треба да се има идентикационен документ и диплома за најмалку средно образование.  Начинот за пријавување на невработени лице е објаснет на следниот линк: http://www.avrm.gov.mk/voveduvanje-vo-evidencija.nspx

Целосниот текст на јавниот оглас е достапен на следниот линк: http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

 

Краток опис за наведените пакети:

Java SE8 Programmer – пакетот се состои од две обуки и еден испит:

  • Обука: Java SE 8 Fundamentals
  • Обука: Java SE 8 Programming
  • Испит: 1Z0-808 OCA, Java SE 8 Programmer
  • Опис на пакетот: Пакетот обуки ќе ве запознаат со објектно- ориентираното програмирање користејќи го Java како програмски јазик. Низ практични вежби учесниците ќе почнат да градат вештнини како Јава програмери.  Дополнително учејќи ги главните функционалност, можности на Јава програмскиот јазик, изучувајќи ги Апликациските програмски интерфејси за дизајн на објектно- ориентирани апликации со Java SE8.

 

  • Тестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки со полагање на 2 испити:
    • Обука: ISTQB  Foundation Испит: ISTQB  Foundation
    • Обука: ISTQB Agile Tester Испит: ISTQB Agile Tester
    • Опис на пакетот: Овој пакет е наменет за сите поединци кои сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како подршка на процесот на развој на апликации. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со основите на динамичките и статичките техники за тестирање на софтверските решенија како и со процесот на планирање на тестирањето и алатките кои се користат за таа намена. Кусот е наменет за сите оние поединци кои сакаат да се стекнат со практични знаења за концептот на теситање на едно софтверско решение. Ова ги вклучува тест аналитичарите, тест инженерите, user acceptance тестери однсоно сите оние кои сакаат да се пронајдат во некоја од овие улоги.