Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Информација за запишување на изборни предмети од универзитетската листа на слободни изборни предмети

Информација за запишување на изборни предмети од универзитетската листа на слободни изборни предмети

Објавено 01.09.2014

Информација за запишување на изборни предмети од универзитетската листа на слободни изборни предмети

 

- За студентите што запишуваат V семестар по новите студиски програми од 2012 година -

 

  1. Универзитетската листа на слободни изборни предмети ја сочинуваат листи на изборни предмети предложени од  факултетите на УКИМ.
  2. Листата на предложени предмети од ФЕИТ ја сочинуваат сите предмети (задолжителни и изборни) од Факултетот.
  3. Студентите кои запишуваат V семестар во учебната 2014/15 година, согласно студиските програми на Факултетот, треба да избираат предмети од Универзитетската листа на слободни изборни предмети.
  4. Во случај кога студентите избираат предмети од листата на УКИМ, понудени од ФЕИТ, одговорноста за организирање на наставата (распоредот на часови и испити) ја презема Деканатот на ФЕИТ и важат правилата за организрање на настава на ФЕИТ.
  5. Правила за избор на предмети од листата на УКИМ, понудени од ФЕИТ:
    • Предметите се запишуваат по електронски пат во  IKnow системот и со доставување документи во шалтерите од Службата за студентски прашања.
    • Студентот може да избира предмети предложени во зимскиот семестар што го запишува или во предходните зимски семестари.
    • Студентот не може да избере предмет од листата на предмети што не се активираат во зимскиот семестар во учебната 2014/15 година.
    • Студентот не може да избере предмет што е задолжителен предмет на студиската програма што ја студира.
    • Предметите што се избираат како предмети од листата на УКИМ, понудени од ФЕИТ немаат предуслови.
  6. Во случај кога студентот ќе избере предмет од листата на УКИМ што не е понуден од ФЕИТ, важат следните правила:
    • Студентот за својот избор го известува координаторот за ЕКТС на ФЕИТ, проф. д-р Маргарита Гиновска по електронска пошта. Пораката треба да содржи: име и презиме на студентот; бројот на индекс; име на предметот; факултет од кој што е понуден предметот. Електронскта порака се праќа и на продеканот за настава на ФЕИТ (nastava@feit.ukim.edu.mk ).  Студентот е должен известувањето да го прати најдоцна до 5.IX 2014 година.
    • Студентот лично го контактира предметниот наставник на избраниот предмет за договор околу следењето на наставата и испитите.

     

    Продекан за настава на ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ