Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Google Summer of Code 2017 - пријавувањето започнува

Google Summer of Code 2017 - пријавувањето започнува

Рок на аплицирање: до 03.04.2017

GSoClogo.jpg

Google Summer of Code 2017 - пријавувањето започнува

 

Google Summer of Code е глобална програма на Google која има за цел да ги запознае и вклучи студентите со развојот на софтвер со отворен код (open source software). Студентите-учесници во програмата работат на проект во соработка со некоја организација која развива ваков софтвер во должина од 3 месеци, за време на летниот распуст. Во овој период, студентите се изложени на техники и начини на програмирање кои се употребуваат во индустријата. За време на проектот тие имаат ментор од организацијата со која ќе соработуваат. Заинтересираните студенти е потребно да дискутираат со една од организациите-учеснички во програмата на Google во врска со проект кој би го работеле за време на летото. Доколку проектот е прифатен од страна на организацијата, студентот подетално ќе се запознае со организацијата и софтверот за кој ќе работи, а потоа и ќе почне со изработка на предложениот проект.

 

Пријавувањето на студенти за програмата преку страницата на Google Summer of Code е отворено од 21. март, а ќе трае до 3. април.


Повеќе информации за организациите-учеснички, процесот на аплицирање и начин на изведување на оваа програма тука: https://summerofcode.withgoogle.com/