Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Годишно зачленување во IEEE за студентите

Годишно зачленување во IEEE за студентите

Објавено 06.11.2015

IEEEMBlue.png

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека процедурата за годишно зачленување во IEEE за 2016 година ќе трае во периодот 10-20.11.2015 г.

Сите заинтересирани за зачленување во IEEE да се обратат до Маја Целеска (m.celeska@ieee.org или celeska@feit.ukim.edu.mk).

За сите заинтересирани, во прилог е и ikona_pdfУпатството за зачленување во IEEE.

 

Што е IEEE?

Институтот за инженери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers - IEEE) е најголемото светско професионално општество. Основана во 1884, IEEE е непрофитабилна организација и има повеќе од 360000 членови во 150 земји. Преку нејзините членови, IEEE е катализатор за технички иновации и има водечко место во области како што се автоматиката, компјутерското инженерство, електричната моќност, корисничкатa електроника, био-медицинската технологија, телекомуникациите и многу други. Објавува повеќе од 30% од светската литература за електротехника, електроенергетика, компјутери, телекомуникации, електроника, роботика и организира над 300 големи конференции и 6000 локални состаноци годишно. Препознатливи како значајно водечки во секоја индустрија, во употреба денес има над 800 активни IEEE стандарди, а моментално околу 700 се во развој.

Студентите членови на Студентскиот огранок на Македонската секција на IEEE, секој месец се претпалтени да го добиваат IEEE Spectrum - от (месечно списание за иновации во технологијата, интелектуално љубопитните и за бизнис лидерите), а покрај тоа имаат можности за:

  • —Софтвер на Microsoft за студентите - во соработка со Microsoft, IEEE нуди широк избор на софтвер во развој на студентите членови;
  • The Institute Newsletter - излегува еднаш месечно;
  • IEEE eBooks Classics - пристап до повеќе од 220 “eBooks“ преку IEEE Xplore.
  • IEEE студентски натпревари – во областите: програмирање, роботика, телекомуникации, енергетика. IEEE членството ви овозможува  да се натпреварувате против своите врсници и истовремено да се забавувате;
  • IEEE награди, стипендии за студирање и стипендии за научно-истражувачка работа - мноштво на понуди за напредување на вашите кариери;
  • IEEEPotentials Magazine -  исполнет со научно-технички трудови и текстови и информации за сите области од ваш интерес, ова списание е создадено само за студентите (излегува еднаш во 2 месеци - online).
СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ