Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите БЕСТ Скопје и Mercedes-Benz  Македонија во потрага по најдобрите дизајнери

БЕСТ Скопје и Mercedes-Benz  Македонија во потрага по најдобрите дизајнери

BESTSkopjeVEST2.jpgБЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија е интернационална студентска, непрофитна и неполитичка огранизација, целосно организирана и водена од студенти. 91 Локални БЕСТ Групи во 30 земји низ Европа создаваат се поголема, млада и иновативна студентска мрежа која се одржува преку многубројни заеднички проекти, интереси и пријателства

БЕСТ им овозможува на студентите да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање на академски курсеви, инжинерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку организирање саеми за вработување и кариера, работилници, а воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Во овој поглед, изминатава година БЕСТ Скопје успешно соработува со компанијата Мерцедес-Бенц која со ист ентузијазам како пред 125 години цели кон се поголемо подобрување на автомобилите, се со намера за задоволување на разните потреби на современиот возач.

БЕСТ Скопје, со желба да го иницира развивањето на оваа гранка и во нашата држава со инспирирање на младите иноватори да работат во таа насока, ја има честа да го најави конкурсот за изработка на дизајн студија за изгледот на возилото на иднината, распишан од Мерцедес-Бенц Македонија.

Победникот на конкурсот ќе биде награден со патување во срцето на Мерцедес-Бенц, во главната фабрика во близина на Штутгарт, каде ќе има можност да се запознае со главните луѓе кои стојат зад овој автомобилски бренд, и се разбира целосна програма на посета на фабриката.

Заинтересираните студенти ќе ги најдат сите детали во врска со конкурсот на Mercedes Benz кој трае до 19ти декември, на веб страната на БЕСТ Скопје.



Со почит,

БЕСТ Скопје

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ