Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Бест академски курсеви за лето 2012

Бест академски курсеви за лето 2012

Почитувани колеги,

 

Студентската организација БЕСТБорд на Европски Студенти по Технологија ви нуди единствена можност да посетите некој од европските градови. Ова лето се организираат курсеви во 47 градови низ Европа и добивате шанса да поминете незаборавни моменти во забава и дружење, а притоа и да присуствувате на предавања на одредена тема кои ги држат професори од универзитетот-домаќин.

 

Најдобриот дел е што сите трошоци за храна, спиење, прошетки ви ги обезбедува Локалната БЕСТ Група која го организира курсот, а за сето време додека сте таму за вас се грижат студенти, членови на БЕСТ. На вас останува единствено да ги платите патните трошоци.

 

На курсевите може да се пријави секој студент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој знае англиски јазик. Сè што треба да направите е да напишете кусо и интересно мотивациско писмо и да аплицирате на најмногу 3 курса, од кои можете да бидете примени само на еден. Разгледајте ја листата на курсеви и одберете некој што одговара на вашите студии или пак е на тема која многу ве интересира, а немате можност да слушате предавања од тој вид на вашиот факултет. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 25-ти март.

 

За сите дополнителни информации и прашања во врска со курсевите, и воопшто доколку ве интересира како функционира БЕСТ, ве покануваме на некој од нашите редовни состаноци, секој вторник во 20:00 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ.

 

Во меѓувреме, следете нè на нашата фан страна на Facebook.

 

БЕСТ Скопје ви посакува успех во апликацирањето и убаво и исполнето топло лето.

 

Дополнителни информации за курсевите, како и помош при аплицирањето можете да најдете на следниве линкови:

Листа на летните курсеви (http://best.eu.org/student/courses/coursesList.jsp)

Како да аплицираш? (http://best.eu.org/student/courses/howToApply.jsp)

Како да напишеш мотивационо писмо ? (http://best.eu.org/student/courses/howToWriteAMotivationLetter.jsp)

best.jpg

SC2012.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ