Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Бесплатни Java и .NET обуки со можност за работа во Seavus

Бесплатни Java и .NET обуки со можност за работа во Seavus

Како дел од Seavus Талент програмата, почнувајќи во Март, Seavus ќе организира две бесплатни обуки за Java и .NET технологии во своите простории. Обуките се наменети за студенти запишани на студии за информатички и компјутерски науки, дипломирани или во последна година на студии.

Времетраењето на двете обуки е 14 работни дена, по 4 часа на ден со интерактивни предавања, вежби и работилници водени од Seavus експерти со повеќегодишно искуство стекнато на проекти за реномирани компании. Изборот на учесници е по пат на технички тест (Java, .NET) и тест за познавање на англискиот јазик. Кандидатите кои ќе влезат во првата селекцијата, преку обуката ќе се стекнат со практично искуство кое ќе овозможи успешно развивање на функционални Java/.NET апликации. На крајот од обуката, најдобрите и најуспешни учесници ќе имаат шанса да се вработат како дел од Seavus тимот.

Java oбуката ќе биде поделена на два дела. Првиот дел се фокусира на детално изучување на Java програмскиот јазик и има за цел да објасни концепти како што се основните елементи на јазикот, работа со објекти, интерфејси, класи и методи, организација на класи и контрола на пристап, исклучоци (exceptions), влезни и излезни текови и конкурентност. Вториот дел се надоврзува на совладаниот материјал од првиот дел и продолжува со теми како што се работа со релациски бази на податоци и SQL, JDBC и ОРМ (Hibernate), опфаќа концепти на веб-програмирање и завршува со напредна тема за автоматско тестирање на компоненти.

seavus001.jpg

Обуката за .NET ќе ги опфати темите од областа на развој на софтверски процеси, алатки и архитектура; објектно-ориентирано програмирање во C#; развој на база на податоци во MS SQL Server; SPA со ASP.NET MVC; тестирање на компоненти, итн. Учесниците ќе ги истражат основните концепти и постепено ќе напредуваат кон напредни концепти кои ќе им овозможат да развијат еднострана апликација (Single-page application). Со учество во .NET обуката се стекнува пошироко познавање на .NET Framework и алатките за развој и тимска соработка и учесниците ќе можат да развијат апликации користејќи C#, MS SQL Server и JavaScript.

seavus003.jpg

Двете обуки ќе започнат во Март, во просториите на Seavus Скопје.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да се пријават на http://jobs.seavus.com/hot-positions.aspx, за “Java/.NET Trainee”, најдоцна до 4 Февруари, 2015.