Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Практична работа во Стопанска комора на Македонија

Практична работа во Стопанска комора на Македонија

Рок на аплицирање: до 6 мај 2015 година

mchamberlogo.jpg

 

Стопанската комора на Македонија е најстарата и најбројната бизнис асоцијација во Република Македонија со традиција од 93 години, која брои околу 15.000 членки на доброволна основа. Улогата на Комората како застапник на интересите на бизнис секторот е од огромно значење за развојот на македонското стопанство, преку исполнување на секојдневните активности и функции во насока на развој и афирмација на стопанските потенцијали, поттикнување на иновативност и квалитет во работата, овозможување услуги кои се од значење за непреченото функционирање на компаниите и секако обезбедување на стручен кадар за потребите на пазарот на труд.

Факултет за електротехника и информациски технологии ви нуди можност за стекнување на работно искуство и надградба на професионалните вештини преку активна вклученост во тековните активности на Стопанската комора на Македонија. Студентите ќе бидат ангажирани на студентска пракса во Информациониот Центар при Службата за оперативни работи на Стопанската комора на Македонија  во времетраење од еден месец (максимум 30 дена). Студентската пракса ќе се одвива во периодот јуни – јули 2015 година а истата ќе можат да ја реализираат шест студенти.

Заинтересираните треба да го испратат своето CV на е-адресата: simona@mchamber.mk до 06 мај 2015 година.