Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Рок на аплицирање: до 24 август 2015

telekomlogo.jpg

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ има потреба од осум(8) практиканти за делот на продажба, во продажните салони, во следниве градови:

  • Скопје
  • Гостивар
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Кочани

Судентите треба да бидат со добри презентерски способности и со позитивен став.

За оваа активност студентите ќе добијат соодветен паричен надоместок, а нивниот ангажман ќе биде регулиран со склучување на Договор за пракса.

Студентите кои ќе бидат избрани, со праксата ќе започнат од 01.09.2015 година.

Сите заинтересирани студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, можат да достават куса биографија (CV) на следниот контакт: Sonja.Kargova@telekom.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКСА.

Рок на аплицирање: до 24 август 2015 година.
Избраните кандидати ќе бидат исконтактирани од страна на ТЕЛЕКОМ.